Услуги
Наши услуги
Нудиме широк спектар на стоматолошки услуги. Изберете област за детали.
Кликнете на услуга за повеќе детали.
Општа стоматологија Комплетна грижа за здравјето на забите и непцата, од превентивни прегледи и рана дијагностика до современ третман и реставрација на забите.
- Редовни стоматолошки прегледи и контроли
- Детекција и третман на кариес
- Дијагностика и третман на заболувања на забите и оралните ткива
- Професионално чистење на забен камен и меки наслаги
- Пескарење и отстранување на пигментации
- Поставување естетски композитни пломби
- Реконструкција и реставрација на оштетени заби
- Превентивна стоматологија
- Совети и индивидуални препораки за орална хигиена
Ендодонција Прецизен и современ третман на воспален или инфициран забен нерв, со цел да се зачува природниот заб, да се елиминира инфекцијата и да се обезбеди долгорочна функција на забот. Во нашата ординација ендодонтските третмани се изведуваат со современа машинска ендодонција и Dentsply Sirona X-Smart Pro+, напреден ендомотор дизајниран за прецизна и контролирана обработка на коренските канали.
- Машинска обработка и обликување на коренските канали
- Лекување на коренски канали
- Прецизно одредување на работната должина со апекслокатор
- Контролирана обработка според препорачаните параметри за ендодонтскиот систем
- Ревизија на ендодонтски третман (ретретман на претходно лекуван заб)
- Третман на воспаление и инфекција на пулпата и периапикалните ткива
- Третман на акутна и хронична ендодонтска болка
- Хемиска и механичка дезинфекција на коренските канали
- Зачувување на природниот заб преку современ ендодонтски третман
Дентална радиологија Современа дигитална радиолошка дијагностика со прецизни 2D и 3D снимки за детален приказ на забите, коскените структури и околните анатомски ткива. Во нашата ординација користиме Vatech 3D CBCT систем, кој овозможува висококвалитетна тродимензионална визуелизација и прецизна проценка на анатомските структури. Ова е особено значајно при планирање на имплантолошки и хируршки процедури, ендодонтски третмани и комплексна стоматолошка дијагностика.
- 2D панорамска снимка
- 3D CBCT дијагностика
- Сегментирани 3D снимки на одредена регија
- Прецизна проценка на коскениот волумен и анатомските структури
- Дијагностика и планирање на имплантолошки и хируршки интервенции
- Ендодонтска и периапикална дијагностика
- Проценка на ретинирани и импактирани заби
- Детален приказ на вилиците, синусите и околните анатомски структури
Дигитална стоматологија Во нашата ординација применуваме современи дигитални технологии кои овозможуваат прецизна дијагностика, детално планирање и поквалитетно изведување на стоматолошките третмани.
3Shape TRIOS 5, дигитален интраорален скенер
Дигиталниот скенер 3Shape TRIOS 5 овозможува брзо и прецизно дигитално скенирање на забите и усната празнина, без потреба од класично земање отпечаток. Се користи за изработка и планирање на коронки, мостови, фасети, протетски конструкции, имплантолошки решенија и ортодонтски третмани. Дигиталниот отпечаток овозможува подобра комуникација со пациентот и стоматолошката лабораторија, како и прецизно дигитално планирање на терапијата.
Vatech 3D CBCT, дигитална радиографија
Со Vatech 3D CBCT обезбедуваме тродимензионална визуелизација на забите, коската, корените и околните анатомски структури. Се користи за прецизна дијагностика и планирање на импланти, орално-хируршки интервенции, ендодонтски третмани, екстракции и други комплексни стоматолошки процедури. 3D снимката овозможува детална проценка на анатомските структури која не е можна со класична 2D снимка.
Vatech 2D панорамска снимка
Панорамската радиографија овозможува преглед на целокупната горна и долна вилица, забите и околните структури на една снимка. Се користи како важна дијагностичка алатка при преглед, планирање на терапија, проценка на импактирани заби, воспалителни промени, губење на коска и други состојби.
Dentsply Sirona X-Smart Pro+, современа машинска ендодонција
Во нашата ординација ендодонтските третмани се изведуваат со Dentsply Sirona X-Smart Pro+, современ ендомотор кој овозможува прецизна и контролирана механичка обработка на коренските канали. Системот овозможува контрола на брзината и торкот, како и прецизно и безбедно работење со современи ротациони и реципрочни ендодонтски инструменти. Во комбинација со апекслокатор, овозможува прецизно одредување на работната должина и оптимизирана обработка на коренскиот канал. Се користи за примарен ендодонтски третман, ревизија на претходно лекувани коренски канали и комплексни ендодонтски случаи.
Пародонтологија Превенција, дијагностика и современ третман на заболувањата на непцата и ткивата што ги поддржуваат забите и имплантите.
- Професионално пародонтално чистење и одржување
- Третман на пародонтален апсцес
- Флап хирургија, пародонтална хируршка терапија
- Флап хирургија на еден заб со апликација на коскен графт
- Гингивектомија
- Мукогингивална хирургија
- Продлабочување на вестибулум
- Френулопластика
- Прекривање на гингивални рецесии
- Пресадување на сврзно-ткивен графт кај рецесија на заб или имплант
- Третман на периимплантит
- Годишни контроли и одржување на импланти, коронки и мостови врз импланти
- Третман на гингивална насмевка (Gummy Smile)
Орална хирургија Современи и прецизни хируршки интервенции за решавање на комплексни стоматолошки состојби, зачувување и регенерација на коскеното и мекото ткиво и подготовка за имплантолошка и протетска рехабилитација.
- Екстракција на заби
- Екстракција на импактирани и полуимпактирани заби
- Фенестрација
- Апикотомија
- Цистектомија
- Кортикотомија
- Нивелација на алвеоларен гребен
- Конзервативен или хируршки третман (синус пластика) на ороантрална комуникација
- Отстранување на имплант
- Претпротетска хирургија на коскени и меки ткива
- Аугментација со коскени графтови
- Апликација на ресорптивни мембрани
- Синус лифт со латерален (надворешен) или трансалвеоларен (внатрешен) пристап
- Откривање (uncovering) на дентални импланти
- Хируршки процедури за подобрување и стабилизација на меките ткива околу импланти
Имплантологија Современо планирање и поставување на дентални импланти со индивидуален пристап и примена на напредни хируршки и регенеративни техники за враќање на функцијата, стабилноста и природниот изглед на насмевката. Секој имплантолошки случај се планира индивидуално, со детална клиничка и 3D радиолошка анализа. Во зависност од анатомските услови и потребите на пациентот, се применуваат соодветни хируршки, регенеративни и мукогингивални техники за постигнување стабилен и долгорочен резултат.
- Поставување на дентални импланти
- Имедијатна имплантација, поставување имплант веднаш по екстракција на забот
- Медијатна имплантација, поставување имплант по период на заздравување
- All-on-4
- All-on-6
- All-on-X
- Имплантолошка рехабилитација на една или повеќе беззабни региони
- Коскена аугментација во имплантолошка терапија
- Синус лифт, латерален и трансалвеоларен пристап
- Имплантација во услови на намален коскен волумен со коскена регенерација
- Насочена имплантолошка хирургија со претходно 3D планирање
- Откривање (uncovering) на импланти
- Мукогингивална пластика и оформување на меките ткива околу имплантите
- Решавање на компликации поврзани со дентални импланти
- Периимплантна терапија и одржување на имплантите
Протетика Современи протетски решенија за надоместување и реставрација на оштетени или изгубени заби, со фокус на природна естетика, правилна функција и долготрајност. Коронките и мостовите се изработуваат од различни материјали во зависност од клиничкиот случај и естетските потреби на пациентот: метал-керамика, цирконија и цирконија со рачно нанесен порцелан.
- Коронки врз природни заби и импланти
- Мостови врз природни заби и импланти
- Тотални протези
- Жабица (флипер), привремена протетска конструкција
- Акрилатни хибридни мостови врз импланти
- Метална надоградба (метално колче)
- Привремени PMMA коронки врз заби
Естетска стоматологија Современи естетски третмани за подобрување на изгледот, формата, бојата и хармонијата на забите, со индивидуален пристап и фокус на природен и естетски резултат.
- Професионално белење на заби во ординација
- Домашно белење на заби
- Корекција на форма и големина на забите
- Затворање на дијастеми
- Естетска реконструкција на оштетени заби
- Корекција на боја и неправилности на забите
- Естетско обликување и хармонизација на насмевката
- Минимално инвазивни естетски корекции
Подготвени сте да закажете?
Јавете се или пишете ни на Viber или WhatsApp. Тука сме за вас.